• среда, 25 декември 2024

Комичарот, кој стана претседател на Украина, ѕвезда во кризата

Комичарот, кој стана претседател на Украина, ѕвезда во кризата
18 февруари 2022 (МИА) АФП Тој беше комичар од украинската телевизија, кој неочекувано стана претседател. Но, Володимир Зеленски може да биде последниот кој ќе се смее, откако Русија започна да ги повлекува војниците од границите на Украина, без да нападне - токму како што тој му кажа на Вашингтон дека ќе направи. Новото 44-годишно лице во политиката, стана претседател на Украина, токму на време за да сведочи за најтешкиот ќор-сокак меѓу Кремљ и Западот, уште од завршувањето на Студената војна, пред повеќе од три децении. Тој ја гледаше Русија како ја опкружува неговата земја со над 100.000 војници, а Вашингтон предупреди дека војна е „неизбежна“ и може да се случи „во секое време“. Зеленски ги прими сите информации и го направи тоа што го знаеше најдобро: тој побара од својата нација, над 40 милиони луѓе, да се релаксира и да планира забава. - Што би требало да направиме? Една работа - да останеме смирени, изјави тој минатиот месец. Ќе го славиме Велигден во април. Потоа во мај, како и секогаш - сонце, празници, скара. И пред да помине долго, летото е тука, додаде Зеленски. Потоа, тој го декларираше 16 февруари - денот кога американски официјални лица го посочија како можен почеток за нападот на претседателот Владимир Путин - за национален ден на „единството“, празник, кога луѓето би требало да излезат со знамиња и балони. „Не е до толку лош“ Зеленски влезе во трката за претседател во 2019 година, навидум, како зафрканција. Тој стана познат глумејќи вообразен наставник во училиште на телевизија, кој стана претседател, откако еден од учениците го снимаше неговиот говор против корупцијата, па го објави на интернет. Доцното комично шоу стана огромен хит, токму кога земјата беше зафатена од катаклизмични промени. Украинската про-ЕУ револуција од 2014 година го собори лидерот поддржан од Кремљ, донесе нов тим, што мораше да се справи со спирален конфликт на исток, како и економија што се движи кон колапс. Украинците го гледаа претседателот на комичното шоу, како грубо се шегува со својата сопруга, но и како оди на работа со изненаден, испаничен поглед. Го долови тој период - и му даде на Зеленски, мало богатство. Тој го победи Петро Порошенко, актуелен претседател заглавен во кризи од сите страни, во вториот круг, победувајќи со над 70 отсто од гласовите. Но, некои Украинци, се подготвија за најлошото. Негови критичари неповолно го споредуваа со славни политичари, како Силвио Берлускони во Италија, а потоа и американскиот претседател, Доналд Трамп. Одлуката да го пополни својот тим, со членови на неговата ТВ продукциска компанија Квартал 95, не постигна резултати кај јавноста во однос на зголемување на довербата. Првичните медиумски настапи на Зеленски, со други светски лидери, изгледаа затегнато. - Моето мислење е дека на нашите меѓународни партнери им е прилично тешко да се справат со него. Тој не е на нивно ниво, изјави украинскиот политички аналитичар, Микола Давидјук, додавајќи дека „тие играат на многу високо ниво, кое тој не може да го достигне - и не може да го разбере“. Но, некои западни дипломати „паднаа“ на неговиот шарм. - Не е до толку лош, да бидеме искрени, коментираше еден дипломат. „Тој има невозможна задача. Заглавен е, под притисок е од двете страни, од Русите и од Американците“, анализираше друг. - Тој покажа смиреност, беше уште еден од коментарите. Одлучувачки момент Тоа со Русија околу сонот на Украина да се приклучи на НАТО - желба запишана во Уставот, но со мала веројатност од реализирање во наредните децении - може добро да го дефинира претседателството на Зеленски во годините што доаѓаат. Тој дојде на власт, обидувајќи се да ги започне комуникациските линии со Путин, што најпосле би го решиле крвавиот, сепаратистички конфликт, откако зеде над 14.000 животи. Неколку месеци откако Зеленски беше избран, двајцата одржаа Париски самит, а Путин го опиша како „важен чекор“. Но, Зеленски читаше од поинаква скрипта на својот медиумски настан по самитот. - Моите колеги велат дека е многу добар резултат, како за прв состанок. Но, јас ќе бидам искрен - многу малку е, изјави тој. Односите помеѓу двајцата се влошија оттогаш. Путин ја обвини Владата на Зеленски за „дискриминација“ на руските говорници и дека се откажува од минатите ветувања за решавање на источниот конфликт. Понудата на Зеленски за самит со Путин и американскиот претседател Џо Бајден, наиде на глуви уши во Москва минатиот месец. Но, некои аналитичари сметаат дека репутацијата на Зеленски се зајакна изминативе недели. - Доколку Русија не нападне и го намали своето држење близу Украина, најверојатно ќе биде малку засрамувачки за американската разузнавачка заедница, но, ќе ја зајакне позицијата на Зеленски, смета постариот соработник на Институтот за истражување на надворешна политика, Роб Ли, додавајќи дека „тој не се повлече, а се зголеми поддршката за одбрана од НАТО“.бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан