• среда, 25 декември 2024

Ковачки: Фирмите од кланот Ахмети добиваат државни тендери од ЕСM и изградба на патишта, ги интересира само како да се збогатат пред да паднат од власт

Ковачки: Фирмите од кланот Ахмети добиваат државни тендери од ЕСM и изградба на патишта, ги интересира само како да се збогатат пред да паднат од власт

Скопје, 1 јули 2023 

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“, свое обраќање имаше и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки кој зборуваше за фирмите на фамилијата Ахмети и сомнителните тендери кои ги добиваат, а ги повика и државните органи да истражат бидејќи има индиции за сериозно влијание и сериозна трговија со интерес.

„Поврзано со тој клан Ахмети ние имаме 4 фирми од кои што денеска ние ќе разгледаме 2. Ќе потсетам дека „Еверест ЏД“ беше фирата која што во време на СДС и на ДУИ во 2006 година доби концесија за ископ на варовник, а истата таа фирма има склучено договор пред само месец дена со државната ЕСМ за продажба на варовник во висина од 3,6 милиони денари. Значи го копаат, добиваат државна концесија, го копаат тој варовник и го продаваат повторно на државна фирма. Прашање е колку од тие пари завршуваат директно кај лидерот, односно кај шефот на тој клан. Понатаму имаме информации дека токму тој клан односно таа фирма „Еверест ЏД“ е вклучена, односно носи тампон за потребите на изградбата на инфраструктурата долж Коридорот 8 и се поставува тука прашањето дали е таа фирмата која што и во иднина со новиот изведувач на работите во Коридорот 8 на отсечката од автопатите, ќе биде таа која што ќе одредува кој ќе биде подизведувач и дали преку неа ќе оди целиот тој тампон. Понатаму фирмата „Тор индустрис“ која што ја споменавме со „Соравиа“ е фирма која што во моментов работи како подизведувач на Коридорот 8 на одредени делови и има склучено договори во вредност од околу 1,3 милиони евра. Истата фирма „Тор индустрис“ во сопственост на Дрин Ахмети од кланот Ахмети работи со изградба на делницата Извор-Гарски Мост што е во висина од 6 милиони евра. Тука се поставува прашањето дали овие фирми на кланот Ахмети се тие кои што во иднина ќе одредуваат кои ќе бидат подизведувачите на Коридорот 8, односно за потребите з изградба на автопатите и колку од тие пари ќе завршуваат кај Али Ахмети и дали тоа не е причина плус за да се ангажираат државните органи за да ги подистражат овие работи затоа што ценам дека има сериозно влијание и сериозна трговија со интерес“, истакна Ковачки.

Тој исто така истакна дека од собраниската говорница го повикал премиерот да собере храброст и да побара одговорност за ваквите сомнителни зделки поврзани со фирмите на кланот Ахмети, но очигледно ништо од тоа нема да се случи бидејќи системот е корумпиран.

„Поврзано со кланот Ахмети, ние во изминатиов период, дури и вчера имавме и пратенички прашањана кои што го прашувавме премиерот дали ќе побара одговорност од господинот Али Ахмети, лидерот на тој клан, дали ќе побара одговорност од јавниот обвинител за гонење на организиран криминал господинот Ислам Абази, човекот кој што го видовме во една опуштена фамилијарна атмосфера му седат на глава. Прашањето е дали ќе се покрене, а сите знаеме дека од тоа нема да има ништо затоа што системот е корумпиран, системот е заробен и се е под контрола. Не очекуваме дека нешто ќе направат од тој аспект меѓутоа го повикавме премиерот барем еднаш да се покаже дека е навистина премиер и да го повика оној јавен обвинител Јовески кој што е врвот на пирамидата и да ги спроведе тие дејствија кои што се потребни кон својот, на некој начин подреден, јавниот обвинител Ислам Абази“, потенцираше Ковачки и додаде:

„Дефинитивно на сите им е јасно и целата македонска јавност виде за каков клан станува збор за какви лица станува збор, односно за лидерот на тој клан и дека ним ништо не им е важно, не им се важни националните агенди, туку им е важно како повеќе да заработат пред падот од власт“.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Остани поврзан