• среда, 25 декември 2024

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината 

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината 

Скопје, 27 април 2024


Драги сограѓани, видовте како помина првиот круг од изборите. Првиот чекор веќе го направивме, а сега следува вториот и најважен чекор, а тоа е голема победа за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Кога велиме голема победа тука мислиме на 61 се со цел да не бидеме доведени во ситуација утре да бидеме уценувани од оваа или од онаа политичка партија, истакна на денешниот митинг во општина Чешиново-Облешево носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки.
Тој додаде дека сите негативни работи кои се случуваа во изминативе години од СДСМ и ДУИ добија соодветен одговор од граѓаните.

„До сега се што се случуваше наиде на широк одговор од широките народни маси на 24 април. СДС беше целосно потчинета на нивните газди од ДУИ. Али Ахмети и Артан Груби командуваа, а СДС не смееше ниту „а“ да каже. За сметка на тоа заеднички го крадеа нашиот народ. Криминалот не познава граници, ниту национална, ниту етничка припадност. Со ваква криминална банда сите граѓани губеа, затоа што искрадените пари се пари на сите и тие се пари за болните, пари за патишта, пари за лекови, за учебници, за плати и за пензии за земјоделците, за здравствените работници, за војската за полицијата, за културата“, потенцираше Ковачки и додаде:

„Затоа велиме, со СДСМ и со ДУИ губеше цела Македонија. Постојано се немаше пари за тоа што треба, а буџетот се трошеше“

Ковачки истакна и дека во изминативе неколку години општина Чешиново-Облешево  нема добиено ниту денар од централната власт, а ВМРО-ДПМНЕ и во минатото, но и во иднина придонесува за оваа општина.

„Нашата општина има добиено 0 денари. Целосна блокада од страна на централната власт. Ниту еден проект не беше поддржан од централната власт. Сето тоа народот веќе го препозна и промените неминовно се случуваат ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш било со народот и тоа многу добро го знаеме. Во минатото тука во Чешиново-Облешево, ВМРО-ДПМНЕ ја изгради спортската сала „Никола Карев“, беше изградено големото фудбалско игралиште како и повеќенаменското спортско игралиште во Чешиново“, потенцираше Ковачки и наброја некои од многуте проекти кои се предвиденои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за во општина Чешиново-Облешево:

“Конкретно за Чешиново-Облешево предвидуваме реконструкција на улица „Сремска“ и реконструкција на ул. Бр 6 во Облешево. Реконструкција на локален пат Спанчево-Чешиново, реконструкција на локален пат Спанчево-Облешево. Реконструкција на локалниот пат Чешиново-Соколарци, реконструкција на ул. „Маршал Тито“ со атмосферска канализација во Чешиново, реконструкција на ул. „Прохор Пчињски“ во чифлик, реконструкција на ул. „1 Мај“ во Спанчево. Изградба на водоводна мрежа во Чешиново. Изграднаба на пречиститечлна станица како и втора фаза од фекалната канализација во Соколарци“, нагласи Ковачки.
На крај Ковачки упати повик до граѓаните за во вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се излезе што помасовно за, како што рече, да не дозволиме други да ни ја кројат судбината.

„Остануваат уште неколку денови до изборите. Да ги искористиме и да поразговараме со нашите пријатели, со нашите комшии, со нашите познаници. Личниот контакт и авторитетот кој го има секој од вас знае да одигра клучна улога во овој период кога граѓаните се веќе заморени од политиката. Да не дозволуваме да ни ја кројат судбината во Зајаз или во Форино. Да излеземе масовно и во голем број. Тој што не гласал во првиот круг, нека гласа во вториот круг. Нека гласа по лично убедување и нека не острава други да му ја кројат судбината затоа што се работи за Македонија. Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и околу нашата победничка коалиција“, подвлече Ковачки.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан