• четврток, 26 декември 2024

Ковачевски на средба со МАТТО: Одличните политички односи со Турција се рефлектираат и во економската соработка

Ковачевски на средба со МАТТО: Одличните политички односи со Турција се рефлектираат и во економската соработка
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Во Северна Македонија веќе работат сериозен број на турски компании кои плаќаат плата на вработените, плаќаат даноци во буџетот и учествуваат во севкупното производство и во извозот. Тоа е добра порака за новите потенцијални инвеститори во Турција да се охрабрат и да дојдат во нашата земја, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со делегација на Стопанска комора Македонија - Турција (МАТТО), предводена од претседателот Ајдован Адемовски. На средбата, на која што беше придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, премиерот Ковачевски ги потврди силните заложби на Владата да се продлабочи економската соработка со Турција и посочи дека на МАТТО и на компаниите кои се нејзини членки, гледа како на партнери за остварување на таа цел. Премиерот Ковачевски, како што информираат од владината Прес-служба, најави дека во неговата агенда посетата на Турција е на високо место со цел традиционалното пријателство меѓу двете земји уште поинтензивно да се рефлектира низ зголемување на меѓусебната економската соработка и трговска размена којашто сега изнесува над 650 милиони евра. На средбата беше најавено дека наскоро ќе следува дополнување на Планот за економски раст со нови поволности за поддршка на инвестициите особено во делот на капацитети од обновливите извори во енергетиката за што веќе постои голем интерес од компаниите од оваа дејност во Турција. вј/сп/

Остани поврзан