Коалицијата Менуваме бара да бидат испатени надоместоците за персонална асистенција
- СООПШТЕНИЕ - Доколку Министерство за социјална политика демографија и млади на 27.09.2024 не ја изврши исплатата за Персоналните Асистенти заедно со корисниците на конпензационото право од законот за социјална заштита член 76 и 146, Персоналните Асистенти, Коалицијата Менуваме, Црвен Крст и засегнатите страни, Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст на 05.10. 2024 - сабота, излегуваат на протест пред Владата.
25 септември 2024
По поставените прашања на прес конференцијата која се одржа на 20.09.2024 пред Министерството за социјална политика демографија и млади од страна на лицата со попреченост и нивните персонални асистенти, Коалиција Менуваме, Национален Црвен Крст на Македонија.
По поднесени преставки од лица со попреченост и персоналните асистенти за правна помош до Коалицијата Менуваме, правната комисија констатира дека во месеците 07, 08 и 09 2024 на стотици корисници на ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА т.е. нега во домот и надвор од домот, НЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ надоместоците за месец 6 и 7 2024 за Скопје, Прилеп и Струмица општини во Македонија,а за 08.2024 не се исплатени надоместоци во ниту една општина во Македонија.
Министерство за социјална политика демографија и млади на 23.09.2024 писмено и со вербална комуникација го извести Давателот на услуга Црвен Крст, цитираме: исплатата за Персоналните асистенти ќе биде извршена во Петок 27.09.2024 кон Црвен Крст.
Н А П О М Е Н А
Доколку Министерство за социјална политика демографија и млади на 27.09.2024 не ја изврши исплатата за Персоналните Асистенти заедно со корисниците на конпензационото право од законот за социјална заштита член 76 и 146, Персоналните Асистенти, Коалицијата Менуваме, Црвен Крст и засегнатите страни, Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст на 05.10. 2024 - сабота, излегуваат на протест пред Владата на Република Македонија.
Коалицијата Менуваме и Црвениот Крст ќе се обрати до Кабинетот на Премиерот на Владата на Македонија, канцеларијата на ОН во Земјава и Странство, ОБСЕ, ЕУ ДЕЛЕГАЦИЈА И ДР. ИНСТИТУЦИИ. ВРЕМЕ Е ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.
Коалиција Менуваме
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.