• среда, 25 декември 2024

Клоп има нова работа

Клоп има нова работа

Ливерпул, 5 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп има нова работа. Тој потпиша договор на 3 години со спортската маркетинг агенција „СПОРТФАЈВ“. Германецот ќе биде претставник за продажба и маркетинг на компанијата за Азија и САД.

Главниот оперативен директор на „СПОРТФАЈВ“ - Филип Хасенбејн, не го криеше задоволството од идната соработка.

-Јирген Клоп е олицетворение на извонредност, менторство, емоционална интелигенција, лидерство и долгорочна визија. Неговите вредности се совпаѓаат со нашите и ние сме возбудени што ќе соработуваме, рече тој.

Експертизата на меѓународната агенција за спортски маркетинг со седиште во Германија опфаќа различни спортови, вклучувајќи фудбал, голф, еСпорт и моторспорт. дс

Фото: Архива

Остани поврзан