• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер сити го победи Борнмут и се пласираше во полуфиналето на ФА Купот

Манчестер сити го победи Борнмут и се пласираше во полуфиналето на ФА Купот

Манчестер, 30 март 2025 (МИА) - Манчестер сити вечерва го победи Борнмут со 2:1 на гостински терен во четвртфиналето на ФА Купот.

Победата на „граѓаните“ беше обезбедена со головите на Ерлинг Халанд (49. минута) и Омар Мармуш (63.). Во 14. минута Халанд промаши пенал.

Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Еванилсон во 21. минута. 

Претходно полуфинале во ФА Купот обезбедија Астон вила, Кристал Палас и Нотингем Форест. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан