• среда, 25 декември 2024

Клемен повеќе не е тренер на Монако

Клемен повеќе не е тренер на Монако

Монте Карло, 4 јуни 2023 (МИА) - Монако на својата официјална веб-страница објави дека Филип Клемен се повлече од тренерската функција.

 

Клемен го презеде тимот на Монако во јануари минатата година и заврши на третото место во Лига 1. Договорот на 49-годишниот белгиски стручњак беше со важност до летото 2024 година.

 

- Динамиката на крајот на сезоната, која заврши со пониска од очекуваната конечна позиција, навести дека е неопходна промена на чело на првиот тим. АС Монако му се заблагодарува на Филип за неговиот голем придонес и му посакува се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

 

Монако (65 бода) го зазеде 6. место во францускиот шампионат и остана без пласман во евро-куповите зс следната сезона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан