• четврток, 26 декември 2024

Кисинџер: Коронавирусот засекогаш ќе го промени светскиот поредок

Кисинџер: Коронавирусот засекогаш ќе го промени светскиот поредок
9 Април 2020 Индекс.хр Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер предупреди дека коронавирусот може да предизвика колапс на светската економија, за чие закрепнување ќе бидат потребни генерации доколку не се преземат соодветни мерки. Кисинџер, кој работеше за двајца американски претседатели, Никсон и Форд, напиша текст во Вол Стрит Џурнал во кој го изрази својот остар став дека „неуспехот може да го доведе светот на работ на колапс“. „Коронавирусот засекогаш ќе го промени светскиот поредок“ 96-годишникот, кој е контроверзен поради неговите улоги во државниот преврат во Чиле во 1973 година или бомбардирањето на Камбоџа за време на војната во Виетнам, вели дека Белата куќа направила „солидна работа за да се избегне непосредна катастрофа“, но додава дека американската Влада мора да работи долгорочно ефикасно за да ја победи опасната болест, не само за да ја врати довербата на сите Американци, туку и на целиот свет. „Кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, ќе се утврди дека институции на многу земји доживеале неуспех. Не е важно дали таа оценка ќе биде објективна или не. Реалноста е дека светот никогаш повеќе нема да биде ист после коронавирусот", пишува Кисинџер, додавајќи дека САД мора да работат брзо за да се најде лек, да се залагаат за обнова на светската економија и за заштита на „либералниот светски поредок“. „САД сами не можат да го победат вирусот, им треба помош од остатокот од светот“ Тој додава дека САД не можат сами во национална рамка да го победат вирусот. Во светот со коронавирусот се заразени повеќе од еден милион и 400 илјади луѓе со повеќе од 80.000 починати. Во САД има над 400 илјади заразени и повеќе од 12.000 починати. Лек засега не е пронајден, а здравствените службеници апелираа дека немаат доволно заштитна опрема, со оглед на тоа што повеќе лекари и медицински сестри веќе починаа додека лекувале пациенти со Ковид-19. Кисинџер се осврнува на недостатоците. - Медицинските материјали не се доволни во борбата против растечкиот број на новозаразени. Одделите за интензивна нега се на работ и над работ на пренатрупаност. Тестирањето не дава резултати за степенот на инфекција, а уште помалку за нејзиното ширење. Успешна вакцина можеме да очекуваме дури за 12 до 18 месеци, пишува Кисинџер. Кисинџер наведува три чекори со кои САД би ја олесниле борбата против короната. За да се победи вирусот, Кисинџер пишува дека САД мора да соработуваат со остатокот од светот. „Потребите од овој момент на крајот мора да бидат поврзани со глобалната соработувачка визија и програма“, пишува поранешниот државен секретар на САД, и нуди три чекори со кои САД би ја олесниле борбата против вирусот: „Мораме да развиеме нови техники и технологии за контрола на инфекцијата и пропорционални вакцини за многубројното население. Градовите, државите и регионите мора доследно да се подготвуваат за заштита на своите луѓе од пандемии и тоа со складирање, кооперативно планирање и истражувања што се граничат со науката“. Следниот чекор е да се „излечат раните на светската економија“. Кисинџер потсетува на финансиската криза во 2008 година и истакнува дека моменталната состојба е многу покомплексна поради тоа што вирусот влијае на глобално ниво, затворени се училишта, рестораните и воведена е социјална дистанца. Тој истакнува дека е потребно да се развијат специјални програми кои ќе помогнат да се поправат штетите предизвикани од глобалното карантин. На крајот, Кисинџер пишува дека треба да се заштитат принципите на светскиот либерален поредок, истакнувајќи дека владата треба да инсистира на „безбедност, ред, економска благосостојба и правда“. „Пандемијата предизвика анахронизам, оживување на заѕидан град од времето во кое просперитетот зависи од глобалната трговија и движењето на луѓето. Светските демократии мора да ги бранат и да ги одржуваат своите просветителски вредности. Глобалното повлекување од рамнотежата на моќта со легитимност ќе предизвика распаѓање на социјалниот договор во земјата и на меѓународно ниво“, заклучува Кисинџер. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан