• недела, 24 ноември 2024

Кириленко: Најмалку 10 загинати во руското гранатирање фабрика на исток

Кириленко: Најмалку 10 загинати во руското гранатирање фабрика на исток
Киев, 3 мај 2022 (МИА) - Најмалку десет лица загинаа денеска, а 15 се повредени во руското гранатирање на хемиска фабрика во градот Авдеевка во источна Украина, изјави гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко.
„Русите точно знаеја каде да нишанат, работниците штотуку ја завршија смената и чекаа автобус на автобуската станица да ги однесе дома. Уште едно цинично злосторство на Русите кај нас“, напиша Кириленко на Телеграм.
Тој предупреди дека бројот на жртви може да расте.
Авдеевка, град со околу 30.000 жители, се наоѓа на неколку километри од градот Доњецк, главниот град на самопрогласената Доњецка Народна Република, која е под контрола на проруските сепаратисти.
Градот беше место на жестоки борби по избувнувањето на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во 2014 година, но ситуацијата е релативно мирна од почетокот на руската инвазија на Украина. паг/
   

Остани поврзан