• среда, 13 ноември 2024

Кинолошкиот Сојуз на Македонија одбележа 70 години работа, доделени признанија на Спасовски и Ангелов

Кинолошкиот Сојуз на Македонија одбележа 70 години работа, доделени признанија на Спасовски и Ангелов

Скопје, 2 септември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на на одбележувањето на јубилејот 70 години од работата на Кинолошкиот Сојуз на Македонија (КСМ) што се одржа денеска во Охрид.

-Со посебна чест присуствував на одбележувањето на значаен јубилеј за Кинолошкиот Сојуз на Македонија (КСМ) - 70 години постоење и развој на кинолошката култура во државата, со стремеж за лидерство во регионот кога е во прашање едукацијата, одговорното сопствеништво, благосостојбата, како и однесувањето и интеракцијата со кучињата, а со самото тоа и развој на општеството кое ќе ги сака и почитува кучињата, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Тој воедно најави и продолжување на соработката со Кинолошкиот сојуз која значи унапредување на заштитата и благосостојбата на животните

-Како МВР сме посветени во овој дел со конкретни активности во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во развој и унапредување на Единицата за службени кучиња, која неодамна за своите потреби доби реконструиран објект на МВР, а вредни за споменување се и возилата и опремата за К-9 овозможени преку соработката со ОБСЕ, стои на постот на Спасовски кому му беше врачено признание од Кинолошкиот сојуз на Македонија за успешната соработка.

Признание за долгогодишна успешна соработка како и за посебен придонес во унапредувањето и развојот на кинологијата и за заштита и благосостојба на животните, на свеченоста во Охрид, му беше врачено и на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираат од ЦУК.

Признанија им беа додлени и на повеќе други претставници на државни институции и странски претставници коишто соработуваат со Кинолошкиот сојуз, како и претставници на Интернационалната кинолошка федерација. вг/

Фото: ФБ Спсовски/ЦУК

Остани поврзан