• сабота, 23 ноември 2024

Кина предупредува дека предложената забрана за ТикТок ќе „наштети“ на САД

Кина предупредува дека предложената забрана за ТикТок ќе „наштети“ на САД

Пекинг, 13 март 2024 (МИА) - Пекинг денеска предупреди дека предложената забрана за апликацијата за споделување видео, ТикТок, во кинеска сопственост, „неизбежно ќе има контраефект на штета на Соединетите држави“.

Претставничкиот дом на САД денеска треба да гласа за нацрт-законот со кој апликацијата ќе ја принуди да ги прекине врските со кинескиот сопственик или ќе се соочи со забрана во САД.

Пред гласањето, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ја осуди предложената забрана.

- Иако Соединетите Држави никогаш не пронајдоа докази дека ТикТок ја загрозува американската национална безбедност, тие не престанаа да го уништуваат ТикТок. Овој тип на насилно однесување што не може да победи во фер конкуренција ги нарушува нормалните деловни активности на компанијата, ја нарушува довербата на меѓународните инвеститори во инвестициското опкружување и му штети на нормалниот меѓународен економски и трговски поредок, додаде тој.

Тој предупреди дека на крајот тоа неизбежно ќе им наштети на самите САД. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан