• вторник, 24 декември 2024

Кина потврди притвор на јужнокорејски државјанин осомничен за шпионажа

Кина потврди притвор на јужнокорејски државјанин осомничен за шпионажа

Пекинг, 29 октомври 2024 (МИА) - Кина потврди дека привела државјанин на Јужна Кореја, осомничен за шпионажа.

По првпат е приведен јужнокорејски државјанин според новиот закон за борба против шпионажа, кој во Кина стапи во сила во јуни минатата година. Случајот би можел да ги одврати инвестициите и активностите на јужнокорејските компании кај најголемиот трговски партнер на земјата.

Претходно, јапонски бизнисмени ја напуштија Кина откако еден нивни сограѓанин беше обвинет за слично дело.

Идентитетот на приведениот не е објавен, но според јужнокорејската агенција Јонхап, станува збор за поранешен вработен во „Самсунг електроникс“, кој подоцна работел во кинеска компанија за чипови.

- Јужнокорејскиот државјанин е уапсен од кинеските власти во согласност со законот, под сомневање за шпионажа, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џјанг, додавајќи дека јужнокорејската амбасада е известена за случајот. Приведениот е осомничен за издавање информации поврзани со полупроводници во корист на Јужна Кореја.

Откако Вашингтон забрани извоз на странски чипови и опрема за Кина во 2020 година, Пекинг инвестира милијарди долари во својата полупроводничка индустрија, загрижен за потенцијалните истекувања на информации во оваа област, сметајќи го тоа за закана за националната безбедност. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан