• четврток, 26 декември 2024

Кеси е блиску до преселба во Барселона за плата од 6,5 милиони евра годишно

Кеси е блиску до преселба во Барселона за плата од 6,5 милиони евра годишно
Барселона, 1 март 2022 (МИА) - Барселона претстојното лето ќе го ангажира играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси. Договорот на 25-годишниот фудбалер што го има со „росо-нерите“ истекува на крајот од сезоната и тој ќе стане слободен играч. Италијанскиот инсајдер Џанлука Ди Марцио пренесува дека каталонскиот клуб ги забрзал преговорите за трансферот и на фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска и му упатил нова понуда. Барса е подготвена да му плаќа на Кесие 6,5 милиони евра годишно. Милан веќе знае дека Барселона му доставила понуда на играчот. Во моментов Барселона важи за најверојатното место за продолжување на кариерата на Кеси. „Diario Sport“ исто така забележува дека деталите за трансферот се речиси договорени. зс/

Остани поврзан