• недела, 24 ноември 2024

Кај детски водител во САД најдено големо количество детска порнографија

Кај детски водител во САД најдено големо количество детска порнографија
Лос Анџелес, 25 септември 2020 (МИА) - Кај водителот на детската научно-образовна Јутјуб-емисија „Среќниот научник“ (The Happy Scientist), полицијата нашла поголемо количество детска порнографија. Имено, кај Џон Роберт Крамф (64), се најдени „илјадници слики и видеа“, од деца, од кои некои се и под 12-годишна возраст, како што посочуваат извештаите на американската полиција. Крамф објавува на Јутјуб од 2006 година, а досега имаше околу 8.000 претплатници. Каналот е отстранет. Претходно, тој човек имал и свое детско патувачко шоу под  назив „Мистер Електрик“. Во операцијата на властите во Сент Џорџ, Јута, САД, се уапсени над 10 лица. си/сд/

Остани поврзан