Кац: Наследникот на Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“
- Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.
Тел Авив, 4 март 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.
- Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го води планот за уништување на Израел, да ги загрозува САД и слободниот свет и земјите од регионот и да го угнетува иранскиот народ, ќе биде недвосмислена цел за елиминација - изјави Кац во соопштение.
- Не е важно како се вика или каде се крие - нагласи тој.
Кац додава дека Израел ќе продолжи да дејствува со цела сила заедно со американските партнери „за да ги уништиме капацитетите на режимот и да создадеме услови иранскиот народ да го собори и замени“. јт/сд/
Фото: ЕПА