• среда, 25 декември 2024

Касперски: Пандемијата го пролонгира напредувањето на жените во ИТ

Касперски: Пандемијата го пролонгира напредувањето на жените во ИТ
Москва, 21 јануари 2021 (МИА) - Речиси половина од жените кои работаат во технолошката индустрија (ИТ) оцениле дека пандемијата со Ковид-19 го одложило нивното напредување во кариерата, додека сличен процент истакнале дека потребната еднаквост на половите најверојатно ќе биде постигната со работа од далечина, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата Касперски. Во анкетата на мултинационалната компанија за кибер безбедност под име „Каде сме сега? Разбирањето на еволуцијата на жените во технологијата“ се укажува дека речиси една третина од жените кои работат во ИТ преферираат да работат од дома. Но, истражувањето покажува дека речиси една половина од жените кои работат во ИТ имаат проблеми со усогласување на деловниот и семејниот живот од март 2020 година. Тоа е најистакнато во Северна Америка, но претставува светски тренд. Во извештајот на Касперски се истакнува дека иако на животот во изолација се гледа како можен поттик за достигнување на еднакви можности за половиѕе на ИТ позициите, се уште постојат општествени предрасуди што ја попречија промената во борбата за еднаквост на половите во ИТ. ми/  

Остани поврзан