• четврток, 26 декември 2024

Кармело Ентони: Не планирам да играм до 50 години како Том Брејди, но не размислувам за крај во блиска иднина

Кармело Ентони: Не планирам да играм до 50 години како Том Брејди, но не размислувам за крај во блиска иднина
Лос Анџелес, 4 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Кармело Ентони изјави дека во оваа фаза не размислува за пензија. - Не знам кога може да се случи ова. Едноставно веќе не размислувам за тоа. Сè уште сум способен да го правам она што треба да го правам во кошарката на високо ниво. Кај мене сè уште имам страст за играта, таа не ме напушти. Нивото на љубов кон кошарката е на највисоко ниво досега. Уште немам четириесет години. Не планирам да играм какао Том Брејди до 50 години, изјави 37-годишниот Ентони. Познатиот играч во НФЛ, Том Брејди, неодамна изјави дека може да продолжи со кариерата до 50 години. зс/

Остани поврзан