• вторник, 24 декември 2024

Канатларовски: Франција е голем фаворит во групата, со нетрпение го очекуваме утрешниот меч

Канатларовски: Франција е голем фаворит во групата, со нетрпение го очекуваме утрешниот меч
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработи последниот официјален тренинг пред утрешниот меч против силната селекција на Франција во рамките на 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија. Селекторот Драги Канатларовски вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат утрешниот мечот против „триколорите“. - Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција, истакна Канатларовски. Во досегашниот тек од квалификациите „црвено-жолтите“ имаат забележано една победа, три нерешени средби и еден пораз. зс/

Остани поврзан