• недела, 24 ноември 2024

Камилов: Узбекистан нема да распореди американски воен контингент на своја територија

Камилов: Узбекистан нема да распореди американски воен контингент на своја територија
Ташкент, 22 октомври 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Узбекистан Абдулазис Камилов рече дека нема ништо против размена на информации со странски разузнавачки служби за спречување терористички напади. - Узбекистан нема намера да распореди американски воен контингент на своја територија, но ќе биде подготвен да размени разузнавачки информации со Вашингтон како дел од борбата против тероризмот, изјави министерот Камилов за руските медиуми.

Тој уште еднаш потврди дека ова прашање (за распоредувањето на американските војници) не е на дневен ред. - Не се дискутира за тоа. Ниту е иницирано, изјави шефот на узбекистанската дипломатија.

- Што се однесува до соработката со која било земја, без разлика дали тоа ќе биде САД или која било друга, ние сме подготвени да соработуваме и да ја продолжиме соработката во спречувањето на тероризмот во рамките на меѓународната практика, меѓународното право и меѓународните конвенции и договори на кои сме потписници, истакна Камилов.
Тој рече дека Узбекистан нема ништо против размена на информации со странски разузнавачки служби за спречување терористички напади. Камилов нагласи дека на САД им било кажано дека Узбекистан нема да толерира распоредување американски војници на своја територија. паг/  

Остани поврзан