• сабота, 23 ноември 2024

Казни за 133 возачи за брзо возење на територија на цела држава 

Казни за 133 возачи за брзо возење на територија на цела држава 

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 133 возачи, соопшти денеска МВР.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан