• среда, 25 декември 2024

Каевски: Очекувам следната недела на координација да се отвори прашањето за работните група за датумот на изборите

Каевски:  Очекувам следната недела на координација да се отвори прашањето за работните група за датумот на изборите

Скопје, 12 ноември 2023 (МИА) - Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски очекува на координација во текот на следната недела во Собранието да се отвори прашањето во однос на работните групи за утврдување на датумот на претседателските и парламентарните избори. 

-Нашиот став околу датумот за изборите е принципиелен и уште од самиот почеток кажавме дека прво ќе се случат претседателските избори, а потоа во утврдениот законски рок, редовните парламентарни. Во делот на работните групи, очекувам на координација во текот на следната недела со сите координатори на политичките партии што се застапени во Собранието, да се отвори ова прашање и секако, ние како политичка партија, сме подготвени и ќе номинираме член за утврдување на точниот датум за одржуваме и на претседателските и на парламентарните редовни избори, согласно законите, рече денеска Каевски, на новинарско прашање.

Како што дополни, до Нова година има соодветно време да се формираат работните групи, потоа низ работа да се уврдат точните датуми за одржување на претседателските и редовните парламентарни избори што, потенцираше, верувам дека ќе се случи до крајот на оваа година. До Нова година веќе ќе имаме конкретен датум што очекувам дека ќе биде донесен со консензус, рече Каевски.

Прашан за коментар на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, портпаролот на СДСМ рече дека „ги потврдил фактите дека ВМРО-ДПМНЕ се кочничари на европскиот пат и на реформите“.

-Јасно се наведува дека ДПМНЕ активно ја блокираше работата на Собранието, што беше значајна пречка за работата на Собранието. И покрај опструкциите на опозицијата државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство. Блокадите и опструкциите на Мицксои и ДПМНЕ мора да бидат поразени и јас сум убеде дека на следните избори ќе бидат поразени, тоа е за сите граѓани и за напредокот и иднинатата на нашата држава, наведе Каевски, кој одржа прес-конференција работата на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години. лв/бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан