• сабота, 23 ноември 2024

Каваи Ленард: Често летав со пилотот на Коби

Каваи Ленард: Често летав со пилотот на Коби
Лос Анџелес, 30 јануари 2020 (МИА) - Пилотот Ара Зобајан, кој управуваше со хеликоптерот во кој загина легендарниот Коби Брајант, беше личен возач и на ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард. Тој сè уште не може да поверува за трагичниот настан во неделата што го потресе светот. - Порано летав со него. Одличен човек, многу љубезен. Тој беше еден од најдобрите пилоти. Тоа е момчето кое го замолувате да ве пренесе од град во град. Се ова ми е нереално, рече Ленард. Ленард минатата година се врати во родната Калифорнија, откако најголем дел од кариерата мина во Сан Антонио Спарс. Кратко време потоа прифати размена во Торонто и учествуваше во освојувањето на првиот шампионски прстен на репторси. Неговиот стан во Лос Анџелес е во близина на „Стејплс Центар“ каде клиперси ги играат своите натпревари како домаќини, но често знаеше да лета до Сан Диего, каде што е роден. За трансфер до таму најчесто користеше хеликоптер, но по трагедијата со Брајант, веројатно ќе одбере друго превозно средство. сѓд/гт/

Остани поврзан