• вторник, 24 декември 2024

Кавадарци ги повика жителите да пријават штети од природна непогода - град 

Кавадарци ги повика жителите да пријават штети од природна непогода - град 

Кавадарци, 21 август 2024 (МИА) - Локална самоуправа Кавадарци објави јавен повик со кој се повикуваат жители да пријават претрпена штета од вчерашното невреме во кавадаречка општина, проследено со врнежи од град. 

- Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци  кои имаат претрпено материјална штета од природна непогода – град,  што го зафати подрачјето на територијата на општината вчера,  да ја пријават во просторите на локалната самоуправа, се вели во повикот. 

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 23, до 30 август, во Граѓански услужен центар.

-Покрај барањето пријавите, да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп), пишува во јавниот повик, објавен на веб страницата на Општината.

Претходно денеска советникот од СДСМ Вуко Мелов побара да се формира комисија за проценка на штети од град. Како член во Советот на Општината, тој ова барање го поднесе денеска до претседателот на Советот, Стојанчо Рамов. свд/ев/

Фото: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан