• среда, 25 декември 2024

Кабинет на претседателката Сиљановска - Давкова: Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Кабинет на претседателката Сиљановска - Давкова: Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова ќе побара објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен.  

- Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, велат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Воодушевена од настапот на Бугарската опера во Скопје со вагнеровата ‘Валкира’, македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова, убедена во моќта на културната дипломатија, објаснуваат од нејзиниот Кабинет, вети дека ќе присуствува на настапот на Македонската опера во Софија со вердиевиот „Набуко“.

- За таа цел, на 13-ти септември ја посети Република Бугарија, придружувана од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков. По тој повод, беше договорена тет-а-тет средба со претседателот на Република Бугарија, г-динот Румен Радев, ручек на македонските и бугарските претставници, како и заедничко присуство на операта „Набуко“, во изведба на Македонската опера и балет. За жал, трагичниот настан, односно авионската несреќа ги спречи претседателот и неговата сопруга да ѝ се придружат на претставата. Обајцата се извинија за спреченоста. Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот, посочуваат од нејзиниот Кабинет. 

Она што фрли сенка на настанот, како што се нагласува, е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор.

-Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, потенцираат од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

На крајот, како посочуваат оттаму, бугарската оперска публика, позната по префинетиот музички вкус со френетични аплаузи и овации го награди фантастичниот настап на македонските уметници, уште еднаш докажувајќи ја неисцрпната и неограничена моќ на уметноста. 

Фотографијата на која Сиљановска Давкова и Радев се ракуваат пред бугарското знаме во неговиот Кабинет предизвика реакции во земјата. ев/ 

Остани поврзан