• среда, 25 декември 2024

И Флајдубаи ги суспендира летовите до Бејрут до 3 октомври

И Флајдубаи ги суспендира летовите до Бејрут до 3 октомври

Дубаи, 30 септември 2024 (МИА) – Авиокомпанијата „Флајдубаи“ од Обединетите Арапски Емирати соопшти дека поради „тековните случувања“ донела одлука привремено да ги прекине летовите меѓу Дубаи и Бејрут.

- Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата и соодветно ќе го измениме нашиот распоред на летови, се вели во соопштението.

Емиратс Ерлајнс, Иран Ер, Ер Алжир, Ер Франс и Туркиш ерлајнс се меѓу другите авиокомпании кои привремено ги прекинаа летовите за Бејрут. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан