• сабота, 23 ноември 2024

Италијанската премиерка Џорџа Мелони од сабота во официјална посета на Кина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони од сабота во официјална посета на Кина

Рим, 25 јули 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони од сабота ќе престојува во официјална петдневна посета на Кина, соопшти Пекинг.

Тоа е прва посета на италијанската премиерка на Кина откако таа ја презеде функцијата во 2022 година.

„Италијанската премиерка Џорџо Мелони ќе престојува во официјална посета на Кина од 27 до 31 јули“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

„За време на посетата, италијанската премиерка ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, како и со премиерот Ли Кианг“, рече портпаролката на редовната прес-конференција.

Таа додаде дека претставниците ќе разговараат за размена на мислења за билатерални прашања и прашања од заеднички интерес. паг/

Фото: ЕПА


 

 

Остани поврзан