• недела, 24 ноември 2024

Италијанската Влада најави продолжување на мерките до мај

Италијанската Влада најави продолжување на мерките до мај
Рим, 3 април 2020 (МИА) - Вонредната состојба во Италија, воведена поради епидемијата на новиот коронавирус, најверојатно ќе биде продолжена до мај, најави денеска началникот на Агенцијата за цивилна заштита, Анџело Борели. Италијанската Влада оваа недела донесе одлука до 13 април да ја продолжи вонредната состојба, со која е ограничено слободното движење и затворени се сите компании кои не се важни за снабдување на населението. Борели, гостувајќи на радио емисија на националната РАИ, ја истакна можноста за продолжување на вонредните мерки до 1 мај, предупредувајќи дека властите „мораат да бидат многу ригорозни“. гт/

Остани поврзан