Исчезнатиот планинар од Велес пронајден починат
- Велешанецот Стојче Пецевски, кој се водеше за исчезнат, е пронајден мртов, потврдија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Велес, 14 април 2025 (МИА) - Велешанецот Стојче Пецевски, кој се водеше за исчезнат, е пронајден мртов, потврдија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Оттаму информираа дека утрината немало услови за хеликоптерска потрага и дека исчезнатото лице е пронајдено непосредно пред да полета хеликоптерот.
Пецевски исчезна вчера околу 10:50 часот во реонот на ридот ГРООТ над Велес. Тој бил заедно со неколку други планинари.
Неговиот пријател и долгогодишен планинар Игор Смилев апелираше до велешките планинарски друштва, клубови и граѓаните да се вклучат во потрагата. ад/бак/
Фото: МИА архива