Истражување: Шеесет отсто од граѓаните во Србија се против рудникот Рио Тинто
- Противењето е најсилно кај помладите од 40 години (84,5 отсто), а поддршката за ископување литиум е најголема кај оние над 60 години (45,1 отсто) и особено кај луѓето кои имаат завршено само основно училиште (52,9 отсто).
Белград, 11 септември 2024 (МИА) - Новото истражување на јавното мислење на Новата српска политичка мисла (НСПМ) за ставовите на граѓаните во однос на ископувањето на литиум во Србија покажа практично плебисцитно противење на проектот Рио Тинита, изјави Ѓорѓе Вукадиновиќ, главен уредник на НСПМ, додавајќи дека само најстарите и необразованите делови од општеството го поддржуваат овој проект, јави дописникот на МИА од Белград.
На отворање на рудникот Рио Тинто во долината Јадар се противат 59,4 отсто од српските граѓани, додека 24,8 отсто го поддржуваат.
Противењето е најсилно кај помладите од 40 години (84,5 отсто), а поддршката за ископување литиум е најголема кај оние над 60 години (45,1 отсто) и особено кај луѓето кои имаат завршено само основно училиште (52,9 отсто).
-Оттука, противењето на литиумот порасна уште повеќе во споредба со последното истражување од почетокот на јули, што значи, вели главниот уредник на НСПМ, Ѓорѓе Вукадиновиќ, дека „блицкригот“ пропадна, односно „шеесет дена од оваа топла и избезумена пролитиумска кампања од страна на властите“.
Вукадиновиќ ги коментираше резултатите од ова истражување заТВ Н1.
-Оваа режимска кампања е толку интензивна и агресивна, во која е тешко да се изброи што се слушна од тоа кој парадирал сè и го поддржал тој проект, кои амбасадори, кои канцелари, политичари, па колку жолчка и отров се истури врз сите оние кои се против тој проект и Рио Тинто - и на еколошки организации и на опозицијата и на новинари, како и колку атентати имало и служби за кои веќе не знаеш за кого работат, но сите некако работат против власта и претседателот... значи, многу тоа беше и навистина не можете да бидете сигурни дека тоа нема да остави трага. И искрено, кога ќе погледнам наназад, имаше многу ситуации кога таа режимска кампања дааше резултати. Но, кога станува збор за оваа, која според нашите сознанија може да биде процент два нагоре или надолу, се покажа дека таа не ги даде посакуваните резултати, кажа Вукадиновиќ.
Кога се гледа целото население, процентот на противници се зголемил од 55 на 59,5, односно речиси 60 отсто, а кога се во прашање поддржувачите,тие се слични.
Според Вукадиновиќ, за ваквото расположение на народот е свесен и самиот претседател, поради што, кон крајот ја сменил стратегијата, свртувајќи ја приказната во насока дека ништо не е решено и дека тоа е добар проект, но дека ако може да го загрози здравјето, нема да се ископува. об/ссм/
фото: МИА