Исмаил Ханија повторно избран за лидер на Хамас
- Исмаил Ханија вторпат е избран за лидер на Хамас, палестинска исламистичка група, под чија контрола е Појасот Газа
![Исмаил Ханија повторно избран за лидер на Хамас](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108003050_big_730x400_48.webp )
Газа, 1 август 2021 (МИА) - Исмаил Ханија вторпат е избран за лидер на Хамас, палестинска исламистичка група, под чија контрола е Појасот Газа.
- Братот Исмаил Ханија вторпат е избран за шеф на политичката канцеларија на движењето, изјави неименуван претставник на Хамас.
Мандатот на Ханија е четири години. Тој е лидер на Хамас од 2017 година и тој ги контролираше политичките активности на Хамас за време на вооружените судири во Израел, меѓу кои и 11-дневиот конфликт во мај, при што загинаа над 260 луѓе во Појасот Газа и 13 во Израел.
Ханија беше десна рака на основачот на Хамас, шеик Ахмед Јасин, кој беше убиен во 2004 година. ми/