• петок, 08 ноември 2024

Иран повтори дека ќе одговори на убиството на Ханија

Иран повтори дека ќе одговори на убиството на Ханија

Техеран, 26 август 2024 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повтори дека неговата земја ќе одговори на убиството на политичкиот лидер на милитантната група Хамас, Исмаил Ханија, минатиот месец во Техеран.

- Реакцијата на Иран на израелскиот терористички напад во Техеран е конечна и ќе биде одмерена и добро пресметана. Не се плашиме од ескалација, но не ја бараме – за разлика од Израел, напиша Арагчи на Х.

Арагчи изјави дека тоа го кажал во телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани. јт/

 

Остани поврзан