• вторник, 12 ноември 2024

Иран им навести на САД дека нема набрзина да одговори на израелскиот напад во Дамаск

Иран им навести на САД дека нема набрзина да одговори на израелскиот напад во Дамаск

Техеран, 12 април 2024 (МИА) – Иран му сигнализираше на Вашингтон дека ќе одговори на израелскиот напад врз неговата амбасада во Дамаск на начин што ќе избегне ескалација и нема да дејствува набрзина.

Пораката на Иран на САД им ја пренесе министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан за време на посетата на Оман во неделата.

Оман честопати дејствуваше како посредник меѓу двете непријателски земји.

Белата куќа не сакаше да коментира дали добила пораки од Иран, но соопшти дека САД го известиле Техеран дека не се вклучени во нападот на амбасадата во Дамаск.

Извор од американската разузнавачка заедница изјави дека не знае за пораката испратена преку Оман, но додаде дека Иран бил многу јасен дека неговиот одговор ќе биде контролиран и ќе избегне ескалација.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во средата рече дека Израел мора да биде казнет и оти тоа и ќе се случи. Израел не ја потврди одговорноста за нападот врз амбасадата, но тоа го соопшти Пентагон.

Во нападот загина ирански генерал, а тоа е голема ескалација на тензиите што се проширија во регионот од почетокот на војната во Газа. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан