• среда, 25 декември 2024

ИОМ организираше состанок на шефовите на службите за гранични работи од земјите од Западен Балкан

ИОМ организираше состанок на шефовите на службите за гранични работи од земјите од Западен Балкан

Скопје 2 февруари 2023

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) го организираше регионалниот состанок на шефовите на граничните полиции од земјите од Западен Балкан на кој учествуваа делегации на високо ниво од службите за гранични работи од земјите на Западен Балкан послужи како платформа за зајакнување на регионалната соработка во сферата на управувањето со границите.

Средбата беше организирана во рамките на регионалните проекти „Инструмент за зајакнување на капацитетите за реадмисија во земјите од Западен Балкан“ (WBCAP) и „Инструмент за зајакнување на капацитетите за интегрирано управување со границите во земјите од Западен Балкан“ (WBIBM)финансирани од Министерството за надворешни работи на Данска. За време на средбата се разговараше за трендовите, предизвиците и начините како  да се одговори на предизвиците за  безбедност, имајќи ги предвид принципите на заштита на мигрантите и почитувањето на човековите права. Регионалната соработка и координација се клучни за справување со идентификуваните предизвици и промовирање на функционални, ефективни и интегрирани системи на гранично управување.

Надоврзувајќи се на обврските од неодамна усвоената Скопска декларација, властите на земјите од Западен Балкан разговараа за мешаните трендови и модели на миграција, регионалната соработка и тековната ситуација со враќањето и реадмисијата во Западен Балкан, како и за глобалниот пристап кон трендовите на ирегуларните патувања и управувањето со идентитетот на лицата. Експертите на ИОМ ги презентираа глобалните и регионалните добри пракси за соработка и размена на информации, вклучувајќи ги резултатите од Конференцијата за гранично управување и утврдување на идентитет.

Во земјите од Западен Балкан, ИОМ продолжува со имплементација на програми, поддршка за политиките, дијалогот и иницијативите за зајакнување на капацитетите според потребите на секоја од земјите, притоа зајакнувајќи ја регионалната соработка и хармонизација. Преку своите активности, ИОМ  има за цел да придонесе кон подобрено управување со границите, одговарање на предизвиците за безбедноста на границите и заштита на човековите права, и зајакнување на системите за реадмисија согласност со меѓународните стандарди.

Меѓународна организација за миграции (ИОМ)  

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан