• среда, 27 ноември 2024

Информации за состојбата на пожарите ширум земјава до 13 часот

Информации за состојбата на пожарите ширум земјава до 13 часот

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) – Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја пренесува состојбата со пожарите шурим земјава до 13 часот, според информации добиени од Регионалните центри за управување со кризи, како и од други субјекти кои учествуваат во системот за управување со кризи.   

Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид известува дека пожарот во село Слатина, општина Македонски Брод, е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Во моментов на терен има двајца пожарникари со едно моторно возило кои ја следат состојбата.

Пожарот над село Девич, општина Македонски Брод, каде гори дабова шума, исто така, е ставен под контрола, известува РЦУК – Охрид. На терен има двајца пожарникари со едно моторно возило и четворица шумски работници. Поголема опасност од негово проширување во моментов нема.

РЦУК – Велес известува дека според информацијата добиена од ЈП Национални шуми Бабуна Велес, пожарот од страната на село Габровник е ставен под контрола, додека од страна на село Мокрени, место викано Мокренски јазик, пожарот е активен. На терен се 16 лица од ЈП Национални шуми Бабуна Велес, 30 припадници на АРМ, екипа од неколку луѓе од ЕЛС Чашка и четворица пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес.

Од страна на градоначалникот на Општина Чашка поднесено е барање за повторно активирање на воздухоплови за двата активни пожари. За гаснење на пожарот активирани се и два хилихоптери, од кои едниот е словенски. До овој момент се работи на гаснење на пожарите.

Повторно е активен пожарот на планината Голешница на Врвот Лисец, помеѓу село Г. Јаболчиште и Дреново, општина Чашка, кој се наоѓа на многу висок и непристапен терен каде што не може да се дејствува од земја поради густата и висока вегетација.  

Пожарот во атарот на село Сирково, општина Росоман е околу 90 отсто изгаснат, но гори уште на две места, од кои едното е над село Сирково, и таму пожарот многу брзо се шири, а другото во правец на с. Мрзен Ораовец. Во моментот на терен присутни се ТППЕ Кавадарци со 20 пожарникари и две возила, 15 лица месно население, два булдожера, две цистерни и едно теге од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, еден булдожер на „ЈАМИ“ ДООЕЛ Кавадарци, и еден скип од ЈПКД Росоман. Во утринските часови се интервенирало со еден хеликоптер. Градоначалникот на општина Росоман извести дека на пожарот се очекува да пристигнат 13 припадници на ЕБР.

Гори на отворено и после село Фариш, општина Кавадарци, каде упатена е екипа на ТППЕ Кавадарци од четворица пожарникари и два џипа. Дополнително после комуникацијата на РЦУК Кавадарци и ЈП НШ Подружница „БОР“ Кавадарци во 10.00 часот испратиле една екипа од тројца вработени и една ПП цистерна.

РЦУК – Велес известува дека пожарите на територијата на општина Неготино, кај село Калањево и армискиот полигон Криволак во правец штипско рамниште од неготинска страна, се ставени под контрола. На терен се распоредени и дејствуваат копнените сили координирани и ангажирани од кризниот штаб Неготино.

РЦУК – Битола известува дека пожарот кој што започна на ден 18.07.2024 година во 16 часот кај месноста Смолево, општина Битола, а во текот на ноќта се прошири према с.Буково во густа борова шума на поголема површина е локализиран после воздушната поддршка од хрватскиот „Канадер“ и два „Ер трактори“ на ДЗС. Има останато жаришта од пожарот на кои интервенираат ТППЕ Битола со 23 пожарникари, четири ПП возила и ЈП „Водовод“ со 17 лица.

Активен е крак од пожарот во атарот на село Слепче и село Гостиражни, каде зафатена е нискостеблеста вегетација и дабова шума, но истиот е под контрола. Ангажирани сили се 10 пожарникари со две теренски возила и едно ПП возило цистерна од ТППЕ Прилеп. За пожарот се известени Национални шуми, но тие немале човечки ресурси кои би ги испратиле на терен. Известени се ЕЛС Долнени. 

Пожар во атарот на село Небрегово, општина Долнени, се движи во правец на село Присад, и таму е зафатена ниска вегетација, како и ниска деградирана мешана шума. Во гаснењето на пожарот ангажирани се 12 пожарникари со две теренски возила и едно ПП возило - цистерна. Испратена е екипа од тројца вработени во Национални Шуми – Прилеп и побарана е воздушна поддршка.

РЦУК – Куманово известува дека ТППЕ Крива Паланка од 12:05 часот интервенира на запалена ниска вегетација во с.Добровница, место викано Симеонови Куќи. Во гаснењето на пожарот интервенираат двајца пожарникари со едно ПП возило.

РЦУК – Скопје известува дека во 12:50 часот пријавен е пожар на отворен простор во атар на село Алдинци, општина Студеничани. Пожарот се простира на непристапен терен и во моментот нема информации кои екипи интервенираат во гаснењето на пожарот.

РЦУК – Штип известува дека пожарот кој избувна над село Селце и Драгоево е активен на два крака. Пожарот е активен на потегот помеѓу село Селце и село Пухче и од утрово интервенирано е неколку пати со хеликоптери, а поради непристапноста на теренот за да влезат пожарникари пожарот е се уште активен.

На потегот над село Драгоево, исто така, забележано е голем чад и пратена е екипа на ТППЕ Штип за да провери доколку треба да интервенира. Исто така информирани сме дека депонијата во Делчево се уште гори. На терен се екипи на ТППЕ Делчево, но само како мерки на претпазливост, бидејќи тој пожар е локализиран и тлее само внатрешноста на депонијата.


РЦУК – Струмица известува дека пожарот кај село Баделен се активирал на едно жариште кон село Стиник, на кое дејствувал романски авион со еден налет, кој не бил доволен, па се очекува повторно дејсво од воздух за да не се прошири кон село Стиник. На терен се тројца пожарникари со едно теренско возило, 2 ШС со едно теренско возило  и МВР со тројца полицајци со едно возило.

Пожарот кај Конче нема активно горење и сите лица се повлечени.

Пожарот кај село Штурово, општина Радовиш, нема активно горење, но пет пожарникари и 15 АРСМ се на терен и го контролираат опожарениот предел.

Се активирал пожарот кај Серменин, општина Гевгелија, и во 11:15 часот се излезени пет пожарникари со две ПП возила. ра/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан