• недела, 24 ноември 2024

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво

Пекинг, 11 април 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлација во Кина се намали од февруарските 0,7 отсто на 0,1 отсто во март, објави денеска Националното биро за статистика на Кина. Пазарите очекуваа малку повисока мартовска инфлација во Кина од 0,4 отсто на годишно ниво.

Цените на храната во Кина се намалија за 2,7 отсто на годишно ниво, додека цените на непрехранбените производи пораснаа за 0,7 отсто. Годишна инфлација од 1,8 отсто е забележана во образованието, облеката поскапе за 1,6 отсто, а цените за здравствените услуги се зголемија за 1,5 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Кина во март се намали од февруарските 1,2 отсто на 0,6 отсто, се додава во извештајот.

Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, новите податоци укажуваат дека на Кина сè уште и се заканува дефлација, а експертите сметаат дека Пекинг треба да ја коригира својата економска политика поради недоволната побарувачка во земјата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан