• четврток, 26 декември 2024

Интер вечерва против Милан за заверка на титулата, Италијанците не стравуваат од навивачки судири

Интер вечерва против Милан за заверка на титулата, Италијанците не стравуваат од навивачки судири

 

Милано, 22 април 2024 (МИА) – Трката за шампионската титула во италијанското фудбалско првенство може да заврши оваа вечер доколку лидерот Интер го совлада Милан во големото миланско дерби – „Derby della Madonnina“.

Интер води на табелата со 14 бодови повеќе од градскиот ривал Милан на второто место на шест кола до крајот на сезоната и со евентуална победа и математички ќе ја обезбеди титулата.

Во тој случај ќе уследи големо славје на навивачите на Интер, кои се очекува да го преплават најпознатиот милански плоштад „Пјаца дел Дуомо“, а според италијанските медиуми, нема опасност од судири меѓу навивачите на двата градски ривали.

Според угледниот весникот „Газета дело Спорт“, таквото сценариот е исклучено и води до настан од 1981 година

Таа година беше одржан турнирот „Мундијалито“ со учество на Милан, Интер, уругвајскиот Пењарол, бразилскиот Сантос и холандски Феенорд. За време на дуелот меѓу двата градски ривали дојде пресметката меѓу навивачките групи при што тешко беше повреден 21-годишниот Виторе Палмиери, кој три месеци подоцна им подлегна на повредите.

Тогашните челници на навивачките групи на Милан и Интер кратко време по смртта на Палмиери се ракуваа пред стадионот „Сан Сиро“, и склучија „пакт за невојување“ (Patto di non belligeranza).

Овој договор е еден од најстарите навивачки договори во Италија, кој трае до денес, а во меѓувреме се случија само помали конфликти и неизбежни вербални провокации, но без поголеми судири меѓу навивачите на Милан и Интер. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан