• сабота, 28 декември 2024

Интернационален фестивал на дуодрама вечерва за првпат во Неготино 

Интернационален фестивал на дуодрама вечерва за првпат во Неготино 
Неготино, 5 септември 2022 (МИА) - Интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев", вечерва за првпат започнува во НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Реализаторите на овој настан информираа дека фестивалот е во организација на општината Неготино и „Театар Провокација" - Скопје. Тие соопштија дека главен покровител и иницијатор за фестивалот, единствен од ваков вид во македонски рамки,  е Општината, а концептот и логистиката за фестивалот кој трае до деветти септември, се на „Театар Провокација“.
На фестивалот ќе бидат доделени награда за најдобра машка и женска улога, најдобра режија, специјална награда и Гранд при награда . Жири комисијата ја сочинуваат актерите Благоја Чоревски – Чоре и Мирјана.П.Ристов, како и драматургот Билјана Крајчевска. Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов.
На програмата се претстави од ,,Народен театар" од Битола, театрите „Комедија", „Провокација" и „Златен елец" Скопје, „Сцена маска" од Република Србија.
На доделувањето на наградите, ќе има стенд ап комедија со Тино и Атанас. свд/дма/

Остани поврзан