• недела, 24 ноември 2024

Институт за светска економија: Наглиот прекин на испораките на гас од Русија ќе предизвика рецесија

Институт за светска економија: Наглиот прекин на испораките на гас од Русија ќе предизвика рецесија

Берлин, 13 април 2022 (МИА) - Војната во Украина го попречи закрепнувањето на германската економија од пандемиската криза, утврдија водечките институти, намалувајќи ги прогнозите за економски раст и предупредувајќи дека наглиот прекин на испораките на гас од Русија ќе предизвика рецесија.

Рускиот гас во моментов е предмет на жестоки дебати поради руската инвазија на Украина и притисокот за проширување на санкциите кон Москва на енергетските извори.
„Процесот на закрепнување на германската економија повторно е одложен. Економската слика ја обликуваат спротивставените сили, кои пак ги зголемуваат цените“, се вели во соопштението на Стефан Кутс од Институтот за светска економија во Кил. Институтите укажуваат на олеснување на пандемските ограничувања, проблеми во синџирите на снабдување по корона кризата и негативното влијание на пандемијата врз понудата и побарувачката. Неочекуваното прекинување на испораките на гас од Русија, наведено во неповолно сценарио, ќе го забави растот оваа година на само 1,9 отсто, пресметаа тие. Следната година економијата според тоа сценарио би паднала за 2,2 отсто. Тие, исто така, проценуваат дека инфлацијата, поттикната од зголемените цени на енергијата и неизвесноста создадена од руската воена интервенција во Украина, најверојатно ќе изврши притисок врз приватната потрошувачка во наредните месеци. паг/      

Остани поврзан