Иницијативен одбор на пензионери побара поголем пензионерски стандард
- Иницијативен одбор на пензионери вечерва на состанок побара поголем пензионерски стандард и старечки дом.
Кавадарци, 20 февруари 2024 (МИА) – Иницијативен одбор на пензионери вечерва на состанок побара поголем пензионерски стандард и старечки дом.
Пензионерот Трајко Тасев рече дека се залагаат за решавање на барањата на пензионерите за зголемени пензии и за подобар живот. Тој појасни дека ќе ги посетат пензионерите од урбаните и руралните месни заедници во Кавадарци и Росоман, а ќе соработуваат и со иницијативни одбори од други општини.
Пензионерот Душко Ѓорѓиев рече дека има 7.400 пензионери во Кавадарци и Росоман. Тој рече дека незадоволство од работата на актуелното здружение треба да води кон вонредни избори во тоа актуелно локално здружение на пензионери.
На средбата беше потсетено дека политика го растури состанокот на другиот иницијативен одбор на пензионери формиран пред извесно време и одбор што организираше протести, а тој одбор пред неколку дена беше домаќин на иницијативни одбори од повеќе општини.
-Осудуваме учество во политика и учество на партиски листи. На таа средба беше повикана и полиција, беше кажано ја вечерашнава средба.
МИА веќе информираше дека неодамна во Кавадарци политика го растури состанокот на пензионери од иницијативни одбори од повеќе градови. По бројните обвинувања, несогласувања и повишување на тон од одделни пензионери, дел од нив ја напуштија средбата на којашто требаше да се донесат заклучоци околу идното делување на овие пензионери, кои во изминатиот период се залагаа за повисок пензионерски стандард преку зголемени пензии и подобри услови за пензионерски живот.
- Очигледно е дека на средбата се присутни две крила на пензионери, дека политиката замешала прсти, за жал. Иако на почетокот од борбата што ја водиме за подобри денови за пензионерите, многумина од нас тргнаа со чесни намери и без политички или било какви други амбиции, различни од првичната намера, да се залагаме за подобар живот во третата доба, рекоа тогаш дел од незадоволните пензионери за МИА.
Дел од нив спомнаа дена поединци, во изминатиот период се обиделе да протнат политика меѓу пензионерите, блиска до политички партии од опозицијата, зборувајќи дури и за политички ангажман и влегување во политичката сцена на претстојните избори.
Ѓорѓи Делов, претседател на иницијативниот одбор од Кавадарци кој беше домаќин на средбата, тогаш нагласи за МИА, дека и покрај напуштањето на средбата на претставниците од неколку градови, останува борбата за поголеми пензии и достоинствен живот на пензионираните лица во државата.
Сега Кавадарци има едно здружение на пензионери и два иницијативни одбори на пензионери. свд/ир
Фото: МИА