• петок, 27 декември 2024

Изречени 44 санкции за непрописно затемнети стакла на возилата

Изречени 44 санкции за непрописно затемнети стакла на возилата
Скопје 28 март 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека минатата недела се изречени 44 санкции за непрописно затемнети стакла на возилата. - Во периодот од 21.03.2022 до 27.03.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата се санкционирани 44 учесници во сообраќајот. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци, стои во соопштението на МВР. Од МВР информираат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. сх/сп/

Остани поврзан