Израел ја повикува меѓународната заедница да го убеди Хамас да ја прифати понудата за прекин на огнот
- Израел изрази надеж дека меѓународниот притисок од посредниците и САД ќе ја убеди палестинската групација Хамас да ја прифати понудата од 27 мај за прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тел Авив, 16 август 2024 (МИА) - Израел изрази надеж дека меѓународниот притисок од посредниците и САД ќе ја убеди палестинската групација Хамас да ја прифати понудата од 27 мај за прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Во изјавата се истакнува дека Израел ги цени напорите што ги прават САД и посредниците за да го разубедат Хамас од одбивање на договорот за заложниците. ссм/
фото: архива