• сабота, 09 ноември 2024

Израел тврди дека во Бејрут го убиле лидерот на Хезболах

Израел тврди дека во Бејрут го убиле лидерот на Хезболах

Тел Авив, 28 септември 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насралал во нападот на Бејрут.

Армијата соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во седиштето во Дахија, јужно од Бејрут.

Се наведува дека во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 е повреден во вчерашните напади во кои се урнати шест станбени згради.

Насралах го водеше Хезболах повеќе од три децении. паг/


  

 

Остани поврзан