• сабота, 09 ноември 2024

Израел го прогласи генералниот секретар на ОН, Гутереш за „персона нон грата“

Израел го прогласи генералниот секретар на ОН, Гутереш за „персона нон грата“

Тел Авив, 2 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот министерот за надворешни работи, Израел Кац изјави дека на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што тој смета, неговата антиизраелска пристрасност.

Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел.

„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, напиша тој на мрежата Икс.

Гутереш вчера го осуди „проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, со ескалација по ескалација“ и повика на прекин на огнот во изјавата во која конкретно не се спомнува Иран. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан