• сабота, 09 ноември 2024

Израел за една година уби 902 палестински семејства

Израел за една година уби 902 палестински семејства

Газа, 3 октомври 2024 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) од 7 октомври 2023 години уби 902 палестински семејства во Појасот Газа, соопштија палестинските власти во Газа.

- Како дел од геноцидот што го изврши израелската окупаторска армија со целосна американска поддршка, 902 палестински семејства се истребени, избришани од граѓанскиот регистар бидејќи сите нивни членови се убиени, тврдат палестинските власти.

Според нивни податоци израелската армија „истребила 1.364 палестински семејства оставајќи само едно член на семејство, а на сличен начин збришала 3.472 палестински семејства, оставајќи само две члена од семејство“.

- Овие масакри се случуваат со учество на неколку европски и западни земји кои ги снабдуваат окупаторските сили со смртоносно и меѓународно забрането оружје, како што се Велика Британија, Германија, Франција и други, посочија палестинските власти.

Исто така упатија и апел до „меѓународната заедница и сите меѓународни организации да извршат притисок врз американската администрација и криминалната окупација да запре геноцидот и континуираното крвопролевање“.

Палестинските власти тврдат дека од почетокот на војната во Појасот Газа убиени се 41.600 луѓе од кои поголемиот број се жени и деца.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан