• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелски тенкови влегоа во центарот на Рафа на југот на Појасот Газа

Израелски тенкови влегоа во центарот на Рафа на југот на Појасот Газа

Газа, 29 мај 2024 (МИА) - Тенкови на израелската армија (ИДФ) влегоа во центарот на градот Рафа на југот на Појасот Газа и го зазедоа важниот рид Зоруб што му дава контрола на Израел над границата со Египет сè до морето, јавува Би-Би-Си.

ИДФ соопшти дека ја продолжува операцијата против „терористичките цели“ во Рафа, три недели откако ја започна операцијата во тој град.

Жителите на Рафа објавија дека тенкови на ИДФ се наоѓаат во близина на џамијата Ал Авда. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан