Австралија најави зголемување на буџетските трошоци за системот за национална одбрана
- Австралија утре ќе одвои една милијарда австралиски долари во својот федерален буџет за да го надгради својот национален одбранбен систем за да ги подобри своите воени капацитети, вклучително и производство на оружје за наведување, базата за подморници АУКУС (AUKUS) и програма за изградба на поморска фрегата, изјави денеска министерот за одбрана Ричард Марлс.

Авалон, 24 март 2025 (МИА) - Австралија утре ќе одвои една милијарда австралиски долари во својот федерален буџет за да го надгради својот национален одбранбен систем за да ги подобри своите воени капацитети, вклучително и производство на оружје за наведување, базата за подморници АУКУС (AUKUS) и програма за изградба на поморска фрегата, изјави денеска министерот за одбрана Ричард Марлс.
Австралија и другите сојузници на Соединетите држави се под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголемат трошоците за одбрана.
Министерот Марлс рече дека федералниот буџет ќе вклучи зголемување од 10,6 милијарди австралиски долари (6,66 милијарди американски долари) за одбранбениот систем во следните четири години, како дел од претходно најавеното зголемување од 50 милијарди австралиски долари во текот на 10 години, што тој нагласи дека е најзначајното зголемување на трошоците за одбрана од крајот на Втората светска војна.
-Ова ќе им овозможи на ХМАС Стирлинг (HMAS Stirling) и одбранбениот комплекс Хендерсон (Henderson) да бидат подготвени за формирање на Западните ротациони подморнички сили. Ова ќе ни овозможи побрзо да се придвижиме во воспоставувањето на производство на водени оружја и експлозиви, рече Марлс на саемот за воздухопловство Авалон во Викторија. мс/
фото: ЕПА