• среда, 25 декември 2024

Израелската делегација отпатува во Каиро поради предлогот за прекин на огнот во Газа

Израелската делегација отпатува во Каиро поради предлогот за прекин на огнот во Газа

Каиро, 4 јуни 2024 (МИА) - Израелска делегација отпатува во Каиро за да разговара за нацрт-предлогот за прекин на огнот и размена на заробеници во Појасот Газа, што е под интензивни израелски воени напади од 7 октомври.

За време на разговорите, делегацијата ќе го соопшти ставот на Израел за новата понуда за прекин на огнот и ослободување на затворениците, објави либанскиот весник „Ал-Ахбар“, повикувајќи се на египетски извори.

Изворите тврдат дека договорот би можел да стапи на сила веќе следната недела поради притисокот на САД врз Израел и регионалните дипломатски напори. мс/

фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан