• петок, 08 ноември 2024

Израелската армија нападнала училиште во кое бил Хамас, според палестинските медиуми загинале девет цивили

Израелската армија нападнала училиште во кое бил Хамас, според палестинските медиуми загинале девет цивили

Тел Авив, 20 август 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) тврди дека извршила воздушен напад врз оперативци на Хамас во командна просторија сместена во училиште во градот Газа.

Според нивната изјава, Хамас ја користел командната соба во училиштето Мустафа Хафез за планирање и извршување напади врз војниците во Газа и Израел, пишува Тајмс оф Израел.

ИДФ соопшти дека презела „многу чекори“ за да се ублажи штетата предизвикана на цивилите во нападот, вклучително и употребата на прецизна муниција, воздушниот надзор и други разузнавачки информации.

Во последните месеци, според ИДФ, беа извршени десетици воздушни напади врз локациите на Хамас лоцирани во училишта и други локации што се користат како засолништа за цивили.

Палестинските медиуми соопштија дека во нападот на училиштето загинале девет Палестинци.

Локалните извори наведуваат дека во училиштето имало раселени лица и дека во нападот се повредени десетици луѓе.

Пред десет дена, повеќе од 100 цивили беа убиени, а 150 ранети во израелски напад врз училиштето Ал-Табиин во областа Ал-Сахаба во населбата Ал-Дарај источно од градот Газа, додека луѓето се молеа.

Во последните 24 часа во израелски напади загинаа најмалку 34 лица, а 114 се повредени. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан