• среда, 13 ноември 2024

Измамник се обидел да ја продаде Статуата на единството

Измамник се обидел да ја продаде Статуата на единството
Њу Делхи, 7 април 2020 (МИА) - Индиската полиција поведе истрага против измамник кој на интернет се обидел да „ја продаде“ познатата Статуа на единството за четири милијарди долари. Измамникот притоа тврдел дека тоа е дел од активностите на властите против корона-кризата и за сузбивање на пандемијата. Киберкриминалот во Индија последниве четири седмици се зголемил за 86 отсто, соопшти Владата. Притоа, најмногу е злоупотребено името на Нетфликс. Статуата на единството во индиската сојузна држава Гуџарат е скоро двапати повисока од Статуата на слободата во Њујорк, САД.  си/

Остани поврзан